Падот на побарувачката во Русија е причина американскиот производител на безалкохолни пијалоци „Кока-Кола“ да затвори две фабрики за овошен сок.
Според соопштеното, „Кока-Кола“ планира да ги затвори фабриките во текот на наредните два месеца, при што ќе бидат отпуштени 1.000 работници.
Фабриките се во сопственост на Нидан, подружницата на „Кока-Кола“ во Русија, која американската компанија ја купи во 2010 година. Едната се наоѓа во Москва, а другата во Новосибирск.
Од „Кока-Кола“ соопштија дека производството на сокот „Moya Semi“ ќе го доверат на рускиот производител „Мултон“ каде што ќе можат да се вработат дел од отпуштените работници.