
Неодамна излезе од печат романот „Некропола“ од најистакнатиот жив словенечки автор Борис Пахор. Издавач е Книгоиздателството Феникс, а преведувач на делото од словенечки на македонски јазик е Лидија Димковска.
Борис Пахор е роден во 1913 година во Трст и е еден од најпознатите, најплодните и најдобрите словенечки писатели, кој не случајно е кандидат и за Нобеловата награда.
Пахор пишува романи, кратка проза, есеи, но и други документарни книги. Неговиот роман Некропола говори за авторовиот живот во нацистички логор, а преведен е ширум светот на француски, германски, унгарски, англиски, српски, шпански, италијански, фински, македонски, есперанто и голем број други јазици.