Барние порача дека брегзит без договор е сѐ поверојатен, останаа три опции

Сѐ поверојатно е дека Велика Британија ќе излезе Европската унија без договор, порача главниот преговарач на Европската унија, Мишел Барние во вторникот,.

„Во текот на изминатите денови, сценариото за брегзит стана сѐ поверојатно, но и натаму можеме да се надеваме дека ќе се избоенг“, рече Барние додавајќи дека ЕУ е подготвена да го прифати британското останување во Европската царинска унија или во однос сличен на оној кој Европската унија го има со Норвешка.

Говорејќи на настан во Брисел откако британскиот парламент во понеделникот ноќта ги одби четирите алтернативи на договорот кој премиерката Тереза Меј го постигна со ЕУ, Барние рече дека Британија сега има три моќноста пред новиот датум за раздружувањето на 12-ти април.

„Обединетото Кралство сега треба да означи што натаму или да го каже планот. Денес повеќе од кога и да е“, истакна Барние.

Изјави дека Британија сѐ уште може да го прифати веќе испреговараниот договор, да излезе без договор, или да побата одложување на брегзит, што би барало организирање парламентарни избори за Европскиот парламент во мај и во Велика Британија. Тоа, пак, од своја страна би претпоставило подолко останување на Обединетот Кралство во ЕУ.

Истовремено, во вторникот британскиот весник The Sunобјави дека конечното гласање во британскиот парламент за планот за договорот за условите на брегзитот што по две години преговори го испреговори Меј со ЕУ, може да се одржи во четвртокот на 4-ти април.

Од своја страна, политичкиот аналитичар на весникот The Times забележува дека британскиот министер Филип Хамонд во вторник ќе се обрати до кабинетот на Меј „со барање да ја разгледа можноста спроведување референдум за брегзит, бидејќи ниту конзервативците, ниту самата земја не може да си доволи спроведување избори“. Според Хамонд, британската влада „може да предложи компромисен договор за опцијата на брегзитот, или да се согласи со спроведување втор референдум повлекување на земјата од ЕУ“.

Излегувањето на Британија од ЕУ остана на мртва точка откако парламентот во понеделникот не успеа да се договори ниту за една алтернативна опција за договорот за раздружување на премиерката Меј. За да го прекинат застокот, пратениците гласаа за четири алтернативни опции за брегзитот, а беа: постојана царинска унија со ЕУ, ткн „Норвешка +“, односи какви што Норвешка има со ЕУ со одредени бенефиции, потврден референдум за секоја опција што ќе ја усвои парламентот и планот за отповикување на членот 50 од Лисабонскиот договор за ЕУ како последно средство за спречување на излегувањето од ЕУ без договор.