Фудбалерите на Манчестер Сити повторно во саботата го преземаа врвот на англиската Премиер лига благодарејќи на минималната од 1:0 домашна победа против Тотехмен во првиот дуел од 35-то коло.
Стрелец на единствениот гол на мечот беше Фил Фоден ушет во 5 минута од мечот, кога со главата во лет од еден метар ја проследи топката во противничката мреќа по нафрлањето од Серхио Агуеро. До крајот на мечот двата тима имаа по неколку убави можности за постигнување погодок, но резултот не се менуваше.
Сити сега има 86 бодови, еден повеќе од второпласираниот Ливерпул, а двете екипи имаат по 34 натпревари, додека Тотенхем е трет со 67 бодови, еден повеќе од Арсенал и Челзи.
Ливерпил ќе има можност да се врати на чело на табелтата во недела кога гостува кај Кардиф Сити кој се бори да го сочува прволигашкиот статус.