Единицата за сузбивање на трговија со мигранти е релативно нова единица, која е составена од 15 души.
Оваа единица е во склоп на секторот за организиран криминал при МВР, а повеќето инспектори кои во моментов работат во оваа единица се школувани во странство и се со бројни домашни и меѓународни сертификати.
За краток временски период оваа единица покажа врвни резултати, со што доби многу меѓународни признанија од европските држави, а вчера на денот на полицијата признание добија и од министерот Спасовски.
Во соработка со неколку други земји од Европа и светот, единицата за за трговија со мигранти на МВР изминатава една година успеа да спроведе многу големи акции со што спречи голем број обиди за нелегална трговија со мигранти.
Како што е познато, во моментов на блискиот исток има неколку воени жаришта, во земји како што е Сирија, Ирак, Авганистан… жителите на овие земји преку мигрирање пробуваат да стигнат до европските земји преку нелегални канали, а Македонија е земја транзит за нив.
Па поради тоа пред една година македонското МВР одлучи да ја зајакне оваа единица, која до денес покажа врвни резултати и важи за една од најуспешните и најпочитуваните единици во МВР.