На Инфективната клиника се хоспитализирани 33 лица заразени од морбили, од кои четворица се во критична состојба.
Вчера имаше пет нови прегледани пациенти со морбили, а двајца се примени на болничко лекување. Во животозагрозувачка состојба е 16- годишната пациентка со церебрална парализа и масивна пневмонија. Во потешка состојба на одделите има тројца возрасни, информираат од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
На Детска клиника бројките се малку подобри. Десет доенчиња се лекуваат болнички, но ниту едно не е во критична состојба, потврдија од клиниката.