Унијата на млади сили е најмоќната младинска политичка организација во Република Македонија, која постојано се зацврстува и продолжува го патот кои го трасираа оние пред нас, но ќе го продолжат уште посилно и оние после нас, пишува лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески на својот фејсбук профил.
Објави дека е распишан јавен повик за кандидирање на кандидати за Претседатели на УМС во следните општини: Македонски Брод, Бутел, Берово, Лозово, Конче, Василево, Струга, Ново Село, Кавадарци, Куманово, Петровец, Велес, Новаци и Теарце.
Ги охрабрувам сите оние кои сметаат дека можат да допринесат во јакнење на Унијата, кои посветено ќе се борат против хунтата на власт и секако, кои ги исполнуваат условите да се пријават до рокот предвиден во овој повик. Да живее Република Македонија, порача Јаулески.