Фудбалерите на Холандија и Португалија во недела ќе ираат во финалето на првото издание на Лигата на нациите, откако „Лалињата“ во четвртокот вечерта во Гимараеш по продолжувањата беа подобри со 3:1 од Англија, доека Португалија во средата во Порто со истиот резултат ја совлада Швајцарија.
Англија поведе во 31 минута со голот на Маркус Рашфорд од пенал за кој самиот се избори, а израмни Катијс де Лигт во 73 минута. Во 97 минута следеше нова голема грешка на англиската одбрана по што погодокот беше запишан како автогол на Кајли Вокер, а сите дилеми ги разреши Квинси Промес со погодокот во 114 минута.
Холанѓаните беа подобри во поголемиот дел од првото полувреме. Имаа поголем посед на топката и подобри шанси, но единствениот гол во првите 45 минути го постигнаа Англичаните. Де Лигт направи голема грешка без причина совладувајќи го Рашфорд, а францускиот судија Клемент Турпен досуди пенал кој го реалираше Рашфор.
Во второто полувреме првата голема шанса на имаа Англичаните во 53 минута, кога Санчо од само неколку метри со глава шутираше директно во противничкиот голман. Само минута подоцна, одлична можност за гол имаше Депаи, но ниту тој не шутираше прецизно. Холандија сепак израмни во 73 минута и тоа преку Де Лигт кој по нафлрувањето на Депаи највисоко скокна и со глава израмни на 1:1 порпавајќи ја својата грешка од првиот дел при пеналот. Само шест минути подоцна Холнаѓаните можеа да направат целосен пресврт, но Ван Де Беек од идеална позиција шутираше преку голот.
При крајот на регуларниот тек од дуелот се случија две спорни ситуации. Во 84 минута Англија го постигна вториот погодок по одлична акција која ја заврши Џеси Лингард, но голот беше поништен по прегледувањето со ВАР поради офсајт. Веќе во 86 минута повторно беше барана помош од ВАР системот, Холанѓаните бараа пенал поради играње со рака, но судиите не го делеа нивото мислење. Во судиското продолжение на второто полувреме Депаи имаше ткн „зицер“ за победа, но шутираше катастрофално па мечот отиде во дополнителните продолженија.
Во дополнителните половина час Англичаните направија две големи грешки и практично им ја подарија победата на Холанѓаните. Прво во 97 минута Џон
Стоунс се поигруваше како последен играч во одбраната, Депаи му ја одзема топката но неговиот удар Пикфорд одлично го одбрани, но Промес со помош на Вокер ја спроведе топката во мрежата за 2:1. Во 114 минута се случи уште поголема грешка, Рос Баркли се обиде да ја врати топката до својот голман, но ја додаде само до Депаи кој веднаш ја продолжи до Промес кој не можеше да го промаши празниот гол.
Холандија во финалето ќе игра против домаќинот Португалија која во средата ја победи Швајцарија со 3:1, со хет-трикот на Кристијано Роналдо. Но последните два гола ги постигна во самиот финиш во 88 и 90 минута откако претхподно во 56 минута од пенал Рикардо Родригез го анулира неговиот погодок од 25 минута.
Финалниот дуел меѓу Холандија и Португалија ќе се игра во недела во 20,45 часотив во Порто, додека истиот ден Англија и Швајцарија во 15,00 часот во Гимараеше ќе се судрат за третото место.