Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, и командата на иранската Револуционерна гарда во одделни изјави во четвртокот ги негираа медиумските извештаи кои се повикаа на британски и американски безбедносни извори, дека бродови на иранската воена морнарица безуспешно се обиделе да сопрат британски танкер во Ормутскиот теснец.
„Тоа што самите го тврдат е она што самите го говорат, и има за цел да ги ексалираа тензиите. Овие изјави не се веродостојни“, го цитира агенцијата Fars, шефот на иранската дипломатија Зариф.
Иранската револуционерна гарда, исто така, негира дека имало инцидент во Ормутскиот тесне со британскиот танкер „British Heritage“.
„Патролите на воено-поморските сили на Револуционерната града продолжуваат да ги извршуваат своите вообичаени должности и со прецизност да ги исполнуваат сите зададени функции. Во изминатте 24 часа тие не комуниирале со ниеден странски брод, вклучително и со британски“, се наведвуа во соопштението за јавноста од командата на елитините ирански единици.
Претходно во четвртокот, како што пренесе Reuters, портаролот на владата на Велика Британија, три брода за кои „се верува“ дака ѝ припаѓаат на Револуционерната гардаму се приближиле на британскиот танкер настојувајќи да му го попречат преминот, но по предупредува од британскиот воен брод кој ги придружувал бродовоите морале да се повлечат.
Американската телевизија CNN повикувајќи се на извор од министерството за одбрана на САД, соопштил дека пет мали бродови, за кои се претпоставува дека се ирански, му се приближиле на британскиот танкер во Ормутскиот тресне и барале да запре во близина на иранските територијални води. Но истовремено фрегатата на Кралската флота „ HMS Montrose“ упатила „усно предупредување“ на Иранците и ги повикала да го пропуштат танкерот, „што тие и го сториле“, се наведува во извештајот на телевизијата.
„HMS Montrose беше принудена да застане меѓу иранските бродови и британскиот танкер и да издаде вербални предупредување до иранските бродови, по што тие се повлекоа“, потврдил портпарол на британската влада.
Телевизијата Fox News јави, исто така, повикувајќи се на неименувани американски фунционери, дека пет вооружени бродови на иранската РЕволуционерна гарда безуспешно се обиделе да го запрат британскиот танкер кој влегувал во Ормутскиот теснец, тесна стратешки важна поморска рута за превоз на нафта меѓу Иран и Арапскиот полуостров. Ираните според овој извор му наложиле на британскиот танкер да застане во иранските територијални води, но фрегатата која го придужувала го насочила оружјето кон нив и ги предупредила да се оддалечат.
Британските маринци минатата седмица заплени ирански супертанкер додека минувал крај Гибралтар додека патувал за Шпанија. Лондон наведува дека се сомневале дека превезува сириска нафта со што ги кршел санкциите на ЕУ против Сирија. Тоа предизвика дипломатски тензии меѓу Иран и Велика Британија, по што британскиот амбасадор во Техеран беше повикан на разговор.
Сето ова се случува во време на растечките тензии во Персискиот залив и проблемите околу зачувувањето на нуклеарниот договор од кој САД се повлекоа ланскиот мај, а Иран од почетокот на седмицава суспендираше одредни свои обврски од договорот потпишан во 2015 година со шесте светски сили.