По репрезентациите на Нигерија и Сенегал, пласман во полуфиналето од африканскиот Куп на нациите кој се одржува во Египет, изборија и фудбалските селекции на Тунис и Алжир.
Тунис во четвртфиналниот дуел со 3:0 ги победи најпријатното изненадување на првенството, селекцијата на Мадагаскар, додека Алжир по подоброто изведување на пеналите со 4:3 го елиминираше Брегот на слоновата коска, откако мечот заврши со резултат 1:1.
Во средата полуфиналето го изборите Нигерија која беше подобра од Јужна Африка со 2:1, и Сенегал кој славеше со 1:0 против Бенин. Така во полуфиналните средби кои се на распоред на 14-ти јули ќе се сретнат Нигерија и Алжир, како и Сенегал и Тунис.
Интересно е што во последниот четвртфинален меч Тунис во Каиро против Мадагаскар ја впиша првата победа на првенството. Тунис, кој го води познатиот француски стручњак Алан Жирес, групата ја со три нерешени исхода, а пота во осминафиналето ја елиминираше Гана со подоброто изведување на пеналите.
Тунис првпат по 2004 година ибори пласман во полуфиналето, а таа година и ја освои засега единствената титула. Мадагаската во својот премиерен настап на африканскиот шампионат приореди сензација стасувајќи до четвртфиналето.
Алжир во своето прво полуфинале по 2010 година кога загуби од Египет, досега само еднаш победил на Купот на нациите во 1990 година, кога беше и домаќин на првенството.