Новиот израелски министер за образование Рафи Перец го изнесе во саботата вечерта својот став за „терапија за преобраќање“ на лицата со хомосексуална ориентација, кој во неделата предизвика осуда и повици да поднесе оставка.
Запрашан во текот на разговорот за телевизискиот канал Channel 12, дали верува оти е можно да се „преобрати“ хомосексуалец, министерот за образование Рафи Перец, одговорил дека тоа е „возможно“.
„Мислам дека тоа е возможно. Длабоко сум запознает со темата за образованието, а и јас ја применував (терапијата за преобраќање)“, рекол Перец.
Перец, лидер на крајно десната верско-националистичка партија Еврејски Дом, е рабин, а бил запрашан како ја применувал споменатата терапија, односно што им советувал на младите кои му ги изразиле своите хомосексуални наклонетости.
„Прво ги соочувам со тоа, а потоа велам ‘да размислиме, научиме и да разгледаме’. Во прв ред, целта е подобро да се запознаат самите себеси и да ја донесат одлуката“, рекол Перец.
Израелскиот премеир Бенјамин Нетанјаху набрзо на социјалните мрежи ги осуди коментарите на својот министер за образование.
„Не се прифатливи забелешките на Перец за ЛГБТ заедницата и не претставуваат став на владата која ја водам. Разговарав вечерва со рабинот Перец кој ги разгасни своите коментари и истакна дека израелскиот образовен систем и натаму ќе ги прифаќа сите израелски деца, без оглед на тоа кои се и независно од нивната сексуална ориентација“, напиша на Twitter Нетанјаху.
Меѓутоа, израелскиот премиер не покажува никаква намера да го смени министерот или да побара негова оставка, како што побараа опозициските политичари.
„Го повикувам Нетанјаху веднаш да го смени Перец“, порача Ницан Хоровиц, челник на левата партија Мерец, кој воедено и јавно се декларира како хомосексуалец.
Другата контроверзна забелешка на Перец, дека Израел би требало да го присоедни целиот Западен брег (од реката Јордан кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија – з.р.) без да им даде право на глас на Палестинците, засега не ги коментираше ниеден израелски политичар.
„Живееме во комплексна стварност во израелската заедница и ќе мораме да изнајдеме решенија според кои суверенитетот ќе се остварува над луѓето или над територијата“, му одговорл Перец на новинариот кој претходно му забележал дека таквото присеодинување можќе да доведе до апартхејд.