По средбата со Христија Мицкоски, вршителот на должноста помошник-државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер изјави дека имал пријатен состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од опозицијата гледам позитивни реакции околу предлог законот за СЈО, бидејќи е многу важно за евроинтеграцијата на Северна Македонија. САД ќе продолжи да ја подржува Северна Македонија околу отворањето на преговорите со ЕУ“, рече Рикер во кратката изјава по завршувањето на средбата со Мицкоски.
Тој истакна дека САД се подготвени заедно со земјава да одат напред.