Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека турската војска ќе спроведе операција источно од реката Еуфрат, во северниот дел на Сирија, во зоната под контрола на курдските Сили за заштита на народот. Тој истакна дека за акцијата се веќе информирани САД и Русија.
„Влеговме во Африн, Јараблус и Ал Баб. Сега ќе влеземе источно од Еуфрат. Тоа им го најавивме на Русија и САД“ истакна Ердоган.
Курдските Сили за заштита на народот беа главен сојузник на САД на територијата на Сирија во текот на американските операции против Исламска држава, а Турција ги смета за терористичка организација.