Дневен хороскоп за понеделник (5. август 2019)

ОВЕН

Работа: Ви доаѓаат некое неочекувани промени на кои нема да се прилагодите.

Љубов: Можно е да сте разочарани во љубовта и поради поранешните врски во кои сте страдале, сте изгубиле верба во нови шанси.

Здравје: Чувајте го црниот дроб.

БИК

Работа: Ќе имате среќа околу работата денеска. Можно е некои работи да ги одработите побрзо од планираното.

Љубов: Ве очекува средба со личност која ви се допаѓа. Наскоро ќе имате шанса да влезете во врска со неа.

Здравје: Чувајте се од можни повреди.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Пред вас се промени на работното поле. Важно е добро да се организирате за сè да стигнете на време.

Љубов: Врската во која сте, почнува да ве оптоварува. Ви недостасува вашата слобода и сакате промени.

Здравје: Ве мачи мигрената.

РАК

Работа: Пред вас е поволен ден за промени. Ќе успеете да ги остварите своите планови.

Љубов: Ќе ви се пружи шанса да остварите ново познанство со личност која ќе ви понуди врска.

Здравје: Наклонети сте на настинка.

ЛАВ

Работа: Нема да се откажете се додека не го остварите она што го сакате на работното поле. Многу сте упорни.

Љубов: Очекувајте ново познанство со личноста која отворено ќе ви ги покаже чувствата кон вас.

Здравје: Чувствителни бели дробови.

ДЕВИЦА

Работа: Ве очекуваат позитивни пресврти како и шанса да остварите унапредување да дојдете до значајна позиција.

Љубов: Посветете се на саканата личност и на вашиот однос. Имате големи шанси врската да ви напредува.

Здравје: Крвниот притисок ви варира.

ВАГА

Работа: Доколку се занимавате со приватна работа, очекувајте дека ќе имате шанса за подобрување на заработувачката.

Љубов: Очекувајте значајни случувања со личноста која ви значи.

Здравје: Ќе ви годи активност.

ШКОРПИЈА

Работа: Ако се занимавате со продажба на недвижности, ќе имате можност за добра провизија.

Љубов: Очекувајте дека со саканата личност ќе ги решите проблемите од минатото и вашиот однос ќе стане уште подобар.

Здравје: Внимавајте на исхрана.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Ве очекува поволна атмосфера во комуникацијата со надредените кои ве поддржуваат околу работните промени.

Љубов: Личност родена во знак на Вага може да покаже интерес за вас.

Здравје: Синусите ви се чувствителни.

ЈАРЕЦ

Работа: Пред вас е поволен период за работа. Среќата е на ваша страна и сите планови ви одат како подмачкани.

Љубов: Ако сте слободни, денешниот ден е многу поволен за почеток на нова емотивна врска.

Здравје: Без никакви проблеми со здравјето.

ВОДОЛИЈА

Работа: Ќе имате среќа и ќе успеете да остварите еден важен договор кој ќе влијае на вас позитивно.

Љубов: Значаен ден на полето љубов е пред вас. Поволна фаза за веридба.

Здравје: Можни се мали проблеми со вртоглавица.

РИБИ

Работа: Имате некои сомневања во своите соработници. Ви се чини дека не се сите искрени кон вас.

Љубов: Ви се допаѓа личност која е поврзана со странство или патувања. Ве очекува почеток на врска на далечина.

Здравје: Циркулацијата е малку слаба.