Најтиражниот таблоид на Островот, „Сан”, откри само еден мал дел од списокот со фудбалери кои е составен од новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал, и кои би пристигнале на „Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.
Актуелниот селектор на Холандија пред неколку дена ги информирал клупските челници дека е потребна итна реконструкција на дефанзивната линија.
Според Ван Гал, бројот на примени погодоци, драстично ќе биде намален доколку клубот за време на летниот преоден рок прво ги осигура услугите на белгискиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Јан Веронген, а потоа и тие на неговиот репрезентативен колега од редовите на Арсенал, Томас Вермален.
Дефанзивецот на Тотенхем ќе добие дозвола за промена на клупската средина доколку понудата на Јунајтед не биде помала од 20 милиони фунти, додека услугите на Вермален се достапни и со понуда од 6 милиони фунти.