Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, доколку нема договор за истапувањето со Европската унија, објави весникот The Sundey Times, повикувајќи се на доверлив документ на британската влада за ризиците од брегзит
Во извештајот, во кој имале увид од The Sunday Times, исто така ,се наведува дека, во тој случај, Велика Британија ја очекуват метежи на пристаништата, ткн „тврда граница“ со Ирска и зголемувањето на трошоците за социјална грижа.
Весникот наведува дека предвидувањата составени од кабинетот на премиерот се однесуваат на најверојатните последици од брегзит без договор, а не за најлошото сценарио.
За 85 отсто од камионите што користат премини кај главниот канал се вели дека се „неподготвени“ за француските цариници, што значи дека прекините на пристаништата потенцијално би можеле да траат до три месеци пред да се подобри протокот на прометот.
Документ составен од кабинетот со кодно име „Операција Јелоухамер“ дава редок преглед на скриените планови на британската влада за да се избегне катастрофален колапс во инфраструктурата на земјата.