ВИДЕО: Националистот Герт Вилдерс го исече знамето на ЕУ во Брисел

Холандскиот националист Герт Вилдерс вчера пред Европскиот Парламент во Брисел исече ѕвезда од знамето на Европската Унија, а потоа холандското знаме го стави на местото на знамето на ЕУ.

Вилдерс кој ја води Партијата на слободата во Холандија е убеден дека може да формира нова група на евроскептични пратеници по претстојните избори за Европскиот парламент. Тој сака Холандија да ја напушти Унијата и да ги затвори своите граници за лицата кои бараат азил.

Вилдерс сака да формира анти ЕУ фракција во Парламентот и ќе бара најмалку 25 пратеници од седум земји членки на ЕУ.

Тој вели дека наредната недела во Брисел ќе се сретне со други евроскептични политичари за да склучат договор.

Не кажува со кои партии ќе оствари средба, но истакна дека има намера да ги добие британскиот пратеник Нигел Фараж и Марин Ле Пен од францускиот Национален фронт.

Иако дури сега ќе започне дискусија, Вилдерс додал дека партиите истомисленици од Велика Британија, Франција, Австрија, Белгија и Холандија имаат повеќе нешта заеднички, отколку што имаат разлики.