
Веројатно, како и секој маж, сте опседнати со женски гради. А, како и не би биле, кога нивната убавина и привлечност е неверојатна. Сепак, сигурни сме дека некои работи врзани за овој женски адут не сте ги знаеле.
Женските гради отсекогаш биле адут што ги привлекува како машките, така и женските погледи. Опседнатоста со овој моќен дел од женското тело навистина не бледее никогаш бидејќи се толку примамливи, секси и моќни, што луѓето, особено мажите, не можат да го тргнат погледнот од нив.
Воедно, постојат многу занимливости врзани за градите.
Најголемите гради на светот се со големина 38. Секако, не се во прашања природни, туку силиконски гради. Нивна „сопственичка“ е една Бразилка, која со помош на дури девет операции станала член на Гинисовата книга на рекорди.
Големината на градите се зголемува од генерација во генерација. Експертите оваа појава ја објаснуваат со промените во еколошката средина, промена на времето, употреба на хормонски лекови и многу други надворешни влијанија.
Левата града е поголема. Научниците заклучиле дека левата дојка е поголема од десната. Разликата е речиси занемарлива (освен во некои специфични случаи), и може да се забележи само со прецизно мерење. Таа појава е забележана само кај жените, но и кај мажите.
Поглед в гради е прв рефлек кај мажите при средба со атрактивна жена. Во прашање е природна реакција која се случува речиси несвесно. Ова тврдење го потврдуваат научниците како и фактот дека воодушевувањето на женските дојко по неколку минути секојдневно може на мажите да им го продолжи животот.
Англија е татковина на најголемите гради. Судејќи по истражувањето во кое учествувале производители на градници, во Англија живеат жени со најголем обем на гради. Повеќе од 50 отсто од жените носат градник со големина на корпа Д. На второто место е Данска, третата позиција ја зазема Холандија.
Експерите тврдат дека една женска дојка тежи половина килограм, што претставува 1 отсто од вкупната тежина на женското тело. Покрај тоа, женските гради сочинуваат четири до пет отсто од вкупните телесни масти.
Операција за зголемување на градите го држи првото место меѓу најчестите операции во САД. На второ место е операција за корекција на носот, а на треето е липосукција. Просечната возраст на жените кои се решаваат за зголемување на градите е 34 години.