Мицкоски: Заев предложи предметите на СЈО да ги преземе новото обвинителство

Јас не го предложив тоа обвинителство, Зоран Заев го предложи. И Зоран Заев предложи овие десет обвинители кои што се помошници на Катица Јанева, кои што не знаеме но, има индиции дека исто така со рачињата биле во медот, да бидат дел од ова ново обвинителство. Јас не го предложив тоа. Тој го предложи тоа. И немаме проблем тоа да биде така, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Запрашан дали ВМРО-ДПМНЕ бара предметите на СЈО да ги преземе тоа ново обвинителство, Мицкоски одговара:

Ние не баравме, Зоран Заев тоа го предложи и ние го прифативме. Не го баравме ние тоа. Заев предложи формирање на обвинителство за висока корупција кое што ќе биде на исто ниво како обвинителството за висок криминал и висока корупција, а обвинителот да го предложи најголемата опозициона партија. И овие десетмина помошници на Катица Јанева да бидат заедно со случаевите од СЈО инкорпорирани во рамките на тоа обвинителство, без притоа да се почитува законот за обвинители кој што треба практично советот за обвинители да предложи кои обвинители би требало да работат таму. И ние рековме во ред, твој е предлогот вреди да се разговара и го прифаќаме. Ајде сега да ја видиме методологијата. Негов беше предлогот, а не наш. Ние имавме предлог договор начелен кој што веќе беше на 30ти август договорен, кој што тогаш го прифатија од преговарачката екипа на СДСМ, а другиот ден веќе во саботата и понеделникот измислувајќи некакви небулози од минатото го растурија практично преговарачкиот процес“.