Едно лице е убиено, а пет се ранети во четвртокот во пукање по улиците на Вашингтон, во близина на Белата куќа, соопшти полицијата на американската престолнина.
„Како резултат на пукањето загина еден човек, петмина се повредени. Еден од нив се наоѓа во критична состојба“, изјавил за новинаритег портпаролот на Вашингтонската полиција, Стјуарт Имерман.
Според телевизијата NBC, пак, сите повредени се хоспитализирани, а две лица од нив се во критична состојба
Местото на инцидентот во квартот Коламбја Хајтс, кој се случил околу 22,30 часот по локално време (5,30 часот по македонско време), е на три километри од Белата куќа и веднаш било блокирано од полицијата, пренесе телевизиската мрежа FoxNews.
Засега не е јаснот дали осомничениот е приведен, меѓутоа полициски извор за агенцијата Reuters рекол дека се смета оти не пости „активен напаѓач“.