Горд како секогаш на неговите фудбалери, тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне по финалниот натпревар во Лисабон изјави дека нема потреба од никакви солзи, дека неговиот тим покажал дека може да биде голема конкуренција на сите попознати, побогати и поголеми клубови од Европа.
„Фудбалот е прекрасна но и непредвидлива игра. Фудбалот не научи дека најважно од се е да се победи. Не треба да плачеме, не смеат да се видат солзи на нашите лица, тоа е сосема непотребно кога ќе се остави срцето на терен. Реал беше подобар во второто полувреме, а ние бевме преморени во финишот. Мечот завршува кога судијата ќе каже, не би додал ништо на оваа тема. Докажавме дека Атлетико (М) може да биде конкуренција на најголемите и побогатите клубови од Европа. Ќе повторам, нема потреба од никакви солзи, главата горе, со подгната глава ќе се вратиме во Мадрид и веднаш ќе ги започнеме подготовките за новата клупска сезона”, изјави предводникот на Атлетико (М), Диего Симеоне.