Ништо компромитирачки нема во разговорот на Трамп и Зеленски, смета Путин

Рускиот претседател Владимир Путин во средата даде изјава која се толкува како поддршка за американскиот челник Доналд Трамп кого демократите го обвинуваат дека вршел притисок врз својот украински колега Владимир Зеленски за да се пресмета со својот веројатен противник на претседателските избори во 2020 година, поранешниот државен секретар Џо Бајден, велејќи дека во нивниот телефонски разговор не гледа ништо компромитирачки.

„Од она што го знаеме, јас не гледам ништо копромитирачко, претседателот Трамп му се обратил на својот колега со барање да ги испита евентуалните корупциски зделки на поранешни службеници во администрацијата. Во принцип, секој челник на држава би требало да го стори тоа. Сите би го сториле … Во секој случај, во САД, луѓето имаат право да знаат дали функционери на поранешната администрација предизвикале корпуциски ситуации или не“, рече Путин на пленарната серија на форумот „Руска енергетска недела“ во Москва одговарајќи на новинарско прашање за транскриптото од разговрот на Трамп и Зеленски.

Путин додаде дека од транскриптот на телефонскиот повик не гледа дека Трамп на некој начин му се заканувал на Зеленски.

„Не видов дека во текот на тој телефонски разговор Трамп по секоја цена бара од Зеленски компромитирачки доказ и му се заканил, дека Украина нема да добие помош (од САД), јас тоа таму не го видов“, рече рускиот претседател.

Американските демократи поради овој телефонски разговор поведоа истрага против републиканскиот претседател поради негово можно отповикување од должноста. Му префрлаат дека во телефонскиот разговор од крајот на јули од Зеленски барал да поведе истрага дали поранешниот американски потпретседател Џп Бајден ја спречил истрагата во Украина за корпуција во која е вмешана енергетска компанија во чиј одбор на директори бил и синот на демократот – Хантер Бајден.

Меѓутоа, Путин сметаа дека политичките противници на Трамп „се користат со секакви изговрори за да го нападнат претседателот. Денес тоа е Украина“.

„Тоа уште еднаш потврдува дека ние со тоа не сме имале никаква врска. Тие само бараат изговор“, додаде Путин алудирајќи на обвинувањата на демократите дека Москва му помогнала на Трамп да победи на изборите во 2016 година.