Според индексот за мизерија на Кето Институтот од Вашингтон владата на Заев и СДСМ во 15-те најмизерни во светот

Денеска излезе листата на Kето Институтот од Вашингтон, според која Македонија е меѓу 15те најмизерни земји во светот. Од 200 земји ние во индексот на Кето Институтот сме во 15те најлоши, рече од говорница во Собранието, Влатко Ѓорчев пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Ѓорчев, исто така, наведе кои влади имаат подобри показатели од Владата на Зоран Заев со 28 министри и со 50 советници кои, како што рече пратеникот само шетаат по Скопје и пијат кафиња. Притоа наведе кои земји на индексот за мизерија се подобри од нас: Колумбија е подобра од нас, потоа Пакистан е подобар, па Молдавија и африканската земја Мали се подобри од нас, Бангладеш, Индија, Папуа Нова Гвинеа, Боливија итн.. Ова е пораз ова е фијаско ова е катастрофа,

Со укинувањето на железнички линии кои што во Македонија ги имало 150 години, тој рече дека државата е вратена 150 години наназад. -Значи укинати се железнички линии изградени уште во 1870 година. Македонија оваа година со оваа власт на Зоран Заев и СДСМ стана земја без меѓународни железнички линии во патниот сообраќај. Значи 150 години сме вратени наназад. Се укина и железничката линија Битола – Прилеп – Велес – Скопје. Во втора лига ќе останеме без клубови. Еве октомври поминува ноември ќе дојде, децата уште немаат испечатено учебници, а прво полугодие помина. Субвенции неисплатени, исплатено само 40 отсто. 70 посто од младите, највеќе од Европа, сакаат да си заминат од Македонија. Ова е невидена катастрофа, рече Ѓорчев.