![vlada-sednica1-F](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/vlada-sednica1-F.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Владата на вчерашната 158-ма седница ја разгледа и усвои информацијата за спроведување функционална анализа во институциите од јавниот сектор.
Анализата, како што соопшти владината прес-служба, има за цел да ги идентификува предизвиците од организациски и функционален аспект во институциите во која се спроведува, кои можат потенцијално да го отежнат или попречат остварувањето на актуелните надлежности и задачи на институцијата.
– Преку анализата ќе се предложат конкретни мерки за подобрување на исполнувањето на целите и задачите на институцијата, насочени кон остварување на очекуваните резултати и кон исполнување на јавниот и на интересот на граѓаните, се наведува во соопштението.