(ВИДЕО) Сириските Курди со компири ја гаѓаа американската војска

Сириските Курди го изразија своето незаддоволство од повлекувањето на американската војска од североисточна Сирија, гаѓајќи ја со компири.

Видеоснимката објавена во некои курдски медиуми и на социјалните мрежи покажува како Курдите фрлаат копмири на американскиот конвој кој минува во боласта на градот Камишли.

„Американците бегаат како стаорци“, извикува темката на оклопните возила кои минуваат. „Срамете се“, им порачуваат.

Во понеделникот и натаму делумно трае турската воена операција во севеористочна Сирија чија цел се џихадистите на Исламската држава и курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) која Анкара ја смета за фракција на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) која со децении војува со турската држава.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно по телефонскиот разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган нареди дислоцирање на американските војници од областа во која сега се спроведува турската операција „Извор на мирот“, со што практично на Анкара ѝ даде зелено светло за офанзивата.

Курдски извори за агенцијата DPA рекле дека нападнатиот конвој го минал граничниот премин Сахела и влегол во северната ирачка покраина Дохук. Курдите додаваат дека во неделата биле забележани повече од стотина американски воени возила кои се упатиле кон границата со Ирак.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер во саботата објави дека од северот на Сирија ќе се повлечат релиси илјада американски војници. Нивната вкупна бројка претходно беше проценувана на околу 2.500 војници.

Ви меѓувреме турската офанзива во понеделникот ја критукуваше и Русија, ден пред во Сочи да се сретнат рускиот и турскиот претседател. Нивната средба се случува во време на траење на петдневното примирје кое со Ердоган го договори американскиот потпретседател Мајк Пенс, за да се овозможи повлекување на курдските сили од подрачјето кое Турција го смета за „безбедна зона“.

Русија, којашто е главниот воен сојузник на Сирија и чиешто вмешување во војната направи пресврт во полза на силите на претседателот Башар ал-Асад, се противи на операциите на нејзината суверена територија. Но иако во сирискиот конлфикт кој трае од март 2011 година поддржуваат спротивставени страни, Москва и Анкара минатата година создадоа цврсто сојузништво. Заедно поддржаа безбедни зони за цивилите, а Турција го купи и покрај противењето на САД моќниот напреден противвоздушен руски систем „С-400“.