Компјутер користат 96,4 отсто од фирмите

Компјутер во својата работа годинава користеле 96,4 проценти од фирмите, а широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 85,8 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Од фирмите со електронска продажба нарачки преку компјутерски мрежи годинава примиле 3,6 проценти, а 3,4 проценти имале нарачка на стоки и услуги преку веб продажба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број деловни субјекти, 55,6 проценти имале веб-страница или почетна страница.