Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Пообилни врнежи на повеќе места ќе има во вечерните и ноќните часови.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 степени, а дневната температура од 10 до 19 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и утринска температура до 7 степени, а дневна температура до 17 степени.