НАТО ќе се прошири до вселената, но нема да поставува оружје

НАТО го проширува своето делување и во свелената, што ќе биде петта оперативна зона по копната, морињата, воздухот и од неодамна сајбер-просторот, рекоа извори од Алијансата, а пренсе Б92.

– Вселената е клучна за одбрана на Сојузот и за одвраќање, за рано предупредување и за навигација – изјави во Брисел главниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред тој потег да го потврдат 29-те држави членки.

Околку половина од 2000 сателити во Земјената орбита им припаѓаат на членките на НАТО, додаде Столтенберг, но кажа и дека „НАТО нема намера во вселената да поставува оружје“.

Сепак, нападите врз сателитите на земјите-членки би можеле да се сметаат за провокација на која треба да се одговори, смета американската амбасадорка во НАТО, Кеј Бејли Хачинсон.

Член 5 од основачкиот договор вели дека напад врз една членка се смета за напад врз целиот Сојуз. Тоа е едно од најважните начела на НАТО, кое е активирано досега само еднаш, по терористичките напади на Кулите близначки во САД на 11 септември 2001 година.

Членките се усогласија за проширување на зоната на делување пред состанокот на министри за надворешни работи на НАТО утре во Брисел.