(ВИДЕО) Потресни снимки од под урнатините во Драч

Во двата силни земјотреса кои во вторникот утрото го погодија албанскиот крајбрежен град Драч загинаа најмалку шест луѓе, а повеќе од 300 се повредени

На социјалните мрежи се појави снимка од обидите на албанските спасувачи од под урнатините на една зграда да извлечат дете. Долниот дел на детето останало под урнатините, па спасувачите се обидуваат да го ослободат.

Сето тоа се одвива во темнина, додека луѓето околу нив се обидуваат да ги осветлат урнатините со лампи, трагајќи по повредени. Додека еден од мажите го држи детето во прегратки, се чини како да разговара со некој под урнатините,. Меѓутоа, на снимката не може да се види дали има некој приклештен од остатоците од зградата.

Албанија утрово рано ја погодија два силни земјотреса со магнитуди од 6,4 и 6,5 степнми по Рихтеровата скала. Две жртви се во Драч, а една во местот Тумане, крај Драч.