Бројот на жртвите од разорниот потрес кој во вторникот утрото ја погоди Албанија се искачи на девет, пренесува телевизијата Тop channel, а повредени се повеќе од триста други лица.
Порталот Bota Sot информира дека од теренот е пријавно за вкупно 10 жртви, но официјални потврди и точен биланс сѐ уште нема. Во информациите на локалните медиуми се истакнува дека сѐ уште има луѓе под урнатините.
Во главната тиранска болница во моментов имало 15 хоспитализирани, од кои три лица се во критична сосојба. Две лица од нив се од предргаријата на албанската престолнина а едно е од Драч. Во тиранските болници вкупно 180 лица побарале медицинска помош, а во Драч уште 150 луѓе.
Епицентарот на потресот од 4 часот утрото со магнитуда од 6,4 степени по Рихтер беше во близина на Драч и на 32 километри од Тирана.
Две тела биле пронајдени под уранитини на уништен хотел во областа Голем. Три лица, меѓу кои и малолетна девојка, починале при уривање на зграда во Драч. Уште две лица загинале во Туман, а еден го загубил животот, паѓајќи од балкон.
„Уште едно тело штотуку беше откриено под урантините во една зграда во Туман. Загинатиот е трет во областа“, пренесвува телевизијата.
Се додава дека и натаму продолжува пријавувањето на многу лица како исчезнати.
Најголемите оштетувања се регистрирани во крајбрежниот град, но медиумите јавуваат дека најдраматична ситуација била ситуацијата во Тумана, каде што една постара жена го загубила животот откако врз неа паднале ѕидовите од домот. Од под неа роднините и пожарнмикарите го извлекле жив нејзиниот мал внук.
Американскиот геолошки завод (USGS) во вторникот рано утрото дека потресот со магнитуда од 6,4 според Рихтер го погодил реонот триесетина километри од Тирана. Според сеизмолозите, по него следувала серија афтершкови со магнитуди повисоки од 5.