Три милиони денари од Град Скопје за настраданите во Албанија

Советот на Град Скопје на денешната редовна седница едногласно донесе одлука за доделување на финансиска помош во вредност од три милиони денари за настраданите од земјотресот во Албанија.

Градоначалникот Петре Шилегов посочи дека пожарникарите и екипите со термални дронови сеуште се во Драч, каде помагаат во пронаоѓањето на цивили и расчистувањето на штетите од земјотресот.