Снимка од ликвидацијата на напаѓачот на Лондонскиот мост

Британската полиција објави дека инцидентот кој денеска се случи на Лондонскиот мост го третира како тероризам, а мостот е затворен за сообраќај

Сведок на нападот го снимил моментот кога напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата.

Како што информираат светските медиуми, нападот бил извршен со нож, а во него повредени се повеќе лица.

Новинар на Би-би-си соопшти дека луѓето биле итно отстранети од областа, а евакуирани биле и ресторани и продавници во близина на мостот.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан го осуди денешниот напад со нож на Лондонскиот мост, и ги потврди извештаите дека неколку лица се повредени при инцидентот.

„Оние што сакаат да не` нападнат и поделат никогаш нема да успеат“, изјави Кан, поздравувајќи ја храброста на граѓаните кои му се спротивставиле на напаѓачот.

Полицијата претходно соопшти дека го убила лицето осомничено за нападот, кој се смета за терористички напад.

Оттаму изјавија дека напаѓачот носел нож и експлозивен елек.

https://www.youtube.com/watch?v=yabFuKIlvdc