-0.2 C
Skopje
сабота, декември 14, 2024

Охридските хотели нудат бесплатно сместување за жители од Драч

Страв, паника и чувство на несигурност кај жителите од Албанија после катастрофалниот земјотрес. Со оглед на тоа дека по разорниот потрес тлото не се смирува семејставата масовно се иселуваат плашејќи се да останат во нивните домови. Со солзи во очите Павли од Драч кој е сместен во Охрид раскажува дека после 60 години живеење во Драч не е лесно да се напушти родната земја тој вели дека чекаат стручните лица да направат проценка колку се безбедни нивните згради .

Дел од охридскиот хотели, вили и приватни апартмани ги отворија портите и нудат бесплатно сместување а рестораните храна. Околу 60-тина жители на Драч моментално се сместени во Охрид но бројот според Црвениот крст се очекува и натаму да расте.

Од Црвениот крст од Охрид велат дека семејставата кои моментално се сместени покрај охридското езеро се лица од најзагрозениот дел во Албанија каде што имаше најмногу жртви и материјални штети.

ИЗВОР: СИТЕЛ