Калјари со голем пресврт до четвртото место во Серија А

ANSA/FABIO MURRU

Во последниот натпревар од 14-то коло на италијанското фудбалско првенство, Калјари во понеделникот со голем пресврт ја совлада Сампдорија со 4:3, истиснувајќи ја Рома од четвртата позиција на првенствената табела.

Сампродија како гостин водеше со 2:0, а на 20 минути пред крајот и со 3:1, но домашните во фуриозниот финиш успеаја да направат целосен пресврт на резултатот.

Гостите поведоа во 39 минута со голот на Фабио Кваљареал од пенал, а во 53 минута Гастон Рамирез го удвои водството. Раџа Наунголан во 70 минута го намали водството на Сампдорија, која веќе во следната минута со вториот погодок денеска на Кваљарела повтроно отиде на „плус два“. Нему набрзо му договори Педро Жоао кој го израмни резултатот со двата брзи погодока во 75 и во 77 минута, а во шестата минута од судиското продолжение на натпреварот Алберто Чери им ја донесе победата на домашните.

Калјари со оваа победа го зазема четвртото место на табелата со 28 бодови, последното кое води во борбата за Лигата на шампионите следната сезона, бодовно израмнувајќи се со петтата Рома. Самдорија е 17-та, последното место кое гарантира опстанок со 12 бодови, само два односно три повеќе од Џенова и СПАЛ.

На врвот е Интер со 37 бодови, а го следи Јувентус со 36, додека Лацио е третопласиран со 30 бодови.