Северина доби нова тужба од Поповиќ

Бизнисменот Милан Поповиќ поднесе нова тужба против пејачката Северина, овојпат за небрежност при грижата за нивниот син Александар.

Неодамна во јавноста излезе информација дека Северина му дозволила на сопругот Игор Којиќ без да го извести судот, да патува со Александар во Грција, во посета на манастирот на Света Гора. За тоа време, пејачката била во Солун.

Северина има дозвола да патува со синот надвор од Хрватска, но Игор нема право да се движи само со Александар ниту во Хрватска, а уште помалку надвор од државата.

Поповиќ повеќе од еден месец го има старателството над синот, а оваа тужба повторно оди во негова корист, за тој да го добие засекогаш, а не само со привремена мерка, како што е засега.