Канадската тенисерка Ежени Бушар е едно од најпријатните изненадувања на Ролан Гарос, но непосредно пред настапот во полуфиналето на турнирот против Русинката Марија Шарапова се скара со својот тренер.
„Го кажувам своето мислење. Не ли ми е дозволено да кажам што мислам”, го праша тренерот 20 – годишната Бушар, на што веднаш следеше одговор.
“Не на тој начин”, одговори нејзиниот тренер Ник Савијано по што тренингот беше прекинат.
Бушар претходно истакна и дека нема пријатлеки на ВТА турнирите и дека тоа не е место за запознавање на нови пријатели.