Припадници на безбедносните служби уапсиле жител на американската сојузна држава Флорида во близна на Белата куќа, кој се заканувал дека ќе го убиде претседателот Доналд Трамп, пренесува весникот The Washington Post повикувајќи се на извештајот на полицијата на округот Колумбија.
Во извештајот се наведува дека инцидентот се одиграл во саботата попладнето по локално време, но оти властите за тоа соопштиле дури во неделата. Дваесет и петгодишниот жител на Флорида изјавил по приведувањето дека имал нож кај себе кој сакал да го искористи за „убиство на претседателот Доналд Трамп“.
Агентите на Тајната служба, која се грижи за безбедноста на највисоките американски функционери и членовите на нивните семејства, го опшила уапсениот Роџер Хеџепт како „трајно загубена личност/ изложена на ризик“. Навеле, исто така, и дека станува збор за лице „кое прима медицинска психијатриска помош“.
Тајната служба го притворила поради можноста и заканата да нaнесе телесни повреди и за поседување забрането оружје. Според агентите, на левото бедро во ножница кај осомничениот имало нож со сечило од речиси 9 сантиметри, а на десното имал празна футрола за пиштол.