Не биле точки и запирки, туку вметнување на Бадентер и абанскиот јазик во Законот за ЈО

Целата постапка на донесување на новиот закон за јавно обвинителство е спорна како од аспект на непочитување на Деловникот на Собранието, Уставот и законот за Собранието, така и од аспект на непочитување на Деловникот на Владата на Македонија, вели  проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска во анализа за Курир.

Таа во анализата на јавноста пластично и едноставно и’ ја објаснува и скриената, тајна амнестија на врхушката на СДСМ во новиот Закон за ЈО, како и незаконитоста на вметнувањето на Бадентер и албанскиот јазик во правосудството.

Ја потсетува јавноста дека правната лакрдија со предлогот на законот започна уште со јавната дискусија која беше организирана од страна на Комисијата за политички систем, како нематично работно тело, надвор од сите деловнички процедури. Целата постапка е промашена и прекршена од самиот почеток, потенцира таа.

Поднесувањето на предлогот на законот е клучен момент за да започне законодавната постапка. Станува збор за важно претходно прашање кое е поврзано со одржувањето на јавната дискусија, а познато е дека за да има јавна дискусија предлогот на законот требало најнапред да помине на прво читање во законодавно-правната комисија како матично работно телоОва не се случи, а со него и потребната општа расправа која требаше да произведе одлука на Собранието дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапкаДури по тоа следува јавната расправа.

Прашањето е, потенцира Каракамишева-Јовановска, зошто ништо од ова што е предвидено во Деловникот на Собранието не е испочитувано?

Каракамишева-Јовановска: Второ, откако беше доставена една верзија на предлогот на законот за јавното обвинителство во Собранието, а која верзија била усвоена на седница на Влада во неделата, министерката за правда по средбата со Али Ахмети и Таљат Џафери одлучи да ја повлече усвоената верзија на предлогот на законот, и брзопотезно да достави нова верзија на предлогот на законот, за која верзија на прес-конференција ја убедуваше јавноста дека е верзија во која биле извршени само технички корекции во предлогот на законот. Но, од она што информираа медиумите за „техничките“ корекции, се виде дека воопшто не станувало збор за ситни исправки, туку за суштински измени кои се однесувале на примената на одредбите од законот за јазиците во работата на Советот на обвинители, како и за внесување на Бадентеровото мнозинство при изборот на обвинителите во ОЈО за организиран криминал и корупција.

 

Исто така во новата верзија имало разлика и во чл. 113 од предлогот на законот, каде во усвоената верзија од владата стоело дека законот влегувал во сила осмиот ден од објавувањето во Службен весник, а се применува од 30 јуни 2020г., додека во новата верзија, која не била усвоена во Влада, чл. 113 гласи „Овој закон се објавува во „Службен весник“, а влегува во сила и ќе отпочне да се применува од 30 јуни 2020 година“, што е суштинска, а не техничка измена.

Практично од овие измени се гледа дека не станува збор за технички корекции, не недостасуваат точки и запирки во предлогот на законот како што не убедуваше власта, туку станува збор за конкретни измени на членови во усвоената верзија на предлогот на законот кои не се поминати на влада што претставува флагрантно кршење на Деловникот на Владата, но и на Деловникот на Собранието.

Спорен е и дополнително вметнатиот Бадентер за избор на обвинители, затоа што во правосудните органи до сега никогаш не се применувало Бадентерово мнозинство.

 

Каракамишева-Јовановска ја објаснува скриената, тајна амнестија на врхушката на СДСМ во новиот Закон за ЈО

Член 110 е вистински правен кошмар.  Со овој подметнат член на законски начин се гарантира неказнивост на СДС, а казнивост и политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ, за првите нема да важат прислушувани материјали, за вторите важеја и повеќе од три години се малтретираа луѓе по судови што е класична нееднаквост на сите пред законот. Индициите, или постапувањето по допрен глас  од секогаш се сметале за основа од која јавниот обвинител тргнува во истрагата, така што оваа законска формулација е класично правничко незнаење.

 

Став 1 на чл.110 е признание на СДС дека СЈО беше главна фарса која што тие со помош на странскиот фактор криво ја насадија во правниот систем. Во ниту една земја НЕЗАКОНСКИ прислушувани материјали не се докази и врз нив не може да се заснова обвинение, ниту судска одлука. Решението од целиов овој циркус во правниот систем требаше да биде ПОНИШТУВАЊЕ на законот за СЈО со што ќе се поништеја сите правни последици кои овој закон ги создаде на дискриминрачки начин. Со вакви преодни и завршни одредби во предлогот на законот само се потврди тезата дека СДС дојде на власт на неџаконски начин со злоупотреба на правото.

Повеќе прочитајте на КУРИР