Јута ја декриминaлизираше полигамијата

Сенатот на американската сојузна држава Јута едногласно одлучи да ја декриминилизира полигамијата кај возрасните лица, пренесуваат во средата медиумите.

Според досегашниот закон, на секој за кого ќе биде докажано дека има повеќе сопругу му се закануваше казна до пет години затвор. Сега со новиот закон, полигамијата односно бракот со повеќе од една сопруга или сопруг, ќе се смета за прекршок како сообраќајните. Сепак, присилната полигамија ќе се третира како кривично дело.

Поборниците на декриминализацијата тврдат дека таа ќе ја намали тајноста на заедниците кои го практикуваат овој обичај и на жртвите ќе им се олесни да ги пријавуваат злоставувањата. Меѓута, критичарите сметаат дека злоставувањата со тоа само ќе се влошат.

Новиот закон треба да го потврди и Претставничкиот дом на Јута. Се верива дека во оваа американска сојузна држава во полигамија живает повеќе до 30.000 луѓе, пишува The Associated Press.

Јута важи за држава на мормонската црква која ја прифаќала полигамијата во своите зачетоци, пред да ја забрани во 1890 година. Мормоните денес ги екскомуницираат сите коишто ја пркатикуваат полигамијата, но многу фундаменталисти од оваа религија и натаму го прават тоа.

Иако бракот со повеќе лица е илегален според законите на Јута, функционерите од оваа сојузна држава во мнозинство се одлучија за неказнување.

Полигамистот Том Грин во 2001 година стана првиот маж осуден за брак со пет жени, во кој живеел повеќе од половина век. Подоцна е осуден и за силување малолетничка, бидејќи една од неговите сопруги останала трудна во 13-та година.