Францускиот интернационалец од редовите на новиот европски клупски шампион, Реал (М), Карим Бензема, откри дека би немал ништо против доколку во новата клупска сезона како ривал за напаЃачката позиција го има уругвајскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Луис Суарез.
Шпанските медиуми во изминатите неколку дена ја форсираат приказната дека претседателот на “кралскиот клуб”, Флорентино Перез е подготвен да одвои околу 90 мил. евра за услугите на Суарез и дека тој трансфер ќе биде реализиран за време на летниот преоден рок.
“Постојано има премногу шпекулации околу напаЃачката позиција во Реал (М), но јас многу не се замарам со новинарските шпекулации, нема да останам биден цела ноќ. Јас немам никаков проблем кога е во прашање конкуренцијата за напаЃачката позиција. Сакам здрава конкуренција, таа додатно ме мотивира. Не е важно кој ќе дојде на “Сантијаго Бернабеу”, дали Суарез или некој друг фудбалер. Таквата конкуренција ќе го подигне моето ниво на игра”, изјави Бензема.