Народот вчера излезе масовно и покажа дека Зоран Заев и неговите политики се пред неминовен пораз на 12 април. Правдоубиецот Заев конечно е на колена, констатираше Орце Ѓоргиевски, член на Изввршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, народот покажал дека веќе не му верува и не му се плаши. Сите го виделе неговото лице, сите виделе дека тој е главата на мафијашкиот октопод, дека тој е човекот кој договарал одлуки на судот и координирал обвиненија, како и активности на обвинителството.
„Сега на сите им е јасно дека со Заев нема ниту правда, нема ниту мир, затоа што тој контролирал и координирал се, почнувајќи од политичкиот прогон на неистомислениците, па се до заштитата на корупцијата, заштита на рекетот и заштита криминалот на својата власт.
Луј Витон власта на Заев ги создаде Луј Витон куферите полни со милиони, но и Луј Витон судството кое е последниот бастион за заштита на неправдата, на мафијата и на Заевизмот.
Народот одлучно кажа дека ќе го порази лицемерието на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите обиди за постојано себе-амнестирање за криминалите“, изјави Ѓоргиевски и констататираше дека правото и правдата мора да завладеат во Македонија.
Првиот чекор кон тоа е покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев, затоа што постојано се мешал во обвинителски и судски постапки, и одлуки на Врховниот суд. Тоа треба да го направат обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност.
„Второ, итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде што има неправилности ќе има оставки и одговорност пред законите.
Трето, итна реформа на Советот за реформи во правосудството со меѓународна експертска помош, затоа што таму кај што Заев замешал прсти, таму нема правда, а нема ниту чесни намери’, порача членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој смета дека е Јасно оти паѓа Заев и дека ова негова влада е во заминување.
„Заев и СДСМ нека не го отежнуваат заминувањето и да не застанат пред патот на волјата на народот. Ако не беа достоинствени во владеењето, нека бидат барем во заминувањето.
Обновата доаѓа. Народот доаѓа по правдата и напредокот и никој не може да им застане на патот. Доаѓа и катастрофалниот пораз на Заев и Луј Витон судството на 12 април“, категоричен е Ѓоргиевски.