Словенечката Влада донесе одлука со која пензионерите ќе можат да пазарат само од 8 до 10 наутро, кога маркетите ќе бидат отворени само за нив, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Од Владата информираат дека ова се прави со цел оваа ранлива категорија граѓани да ја одвојат од другите и со тоа да ги намалат шансите да се заразат со коронавирусот кој може да биде опасен за нив.
Оваа мерка важи и за инвалидизираните лица и бремените жени.
Инаку, според одлуката на Владата во време на борбата против коронавирусот отворени ќе бидат и продавниците за земјоделски производи, аптеките, продавниците за медицински помагала, бензинските пумпи, поштите, трафиките и дуќаните за продажба на храна за животни.