Во последното деноноќие потврдени се седум нови случаи на заболувањето Covid-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи на зараза со новиот тип коронавирус во Македонијат изнесува 1.231 лица од кои оздравени се 24 пациенти, а изминатиот ден како последица од инфекцијата починало едно лице со што вкупната бројка смртни исходи изнесува 55, соопшти во вторникот Министерството за здравство.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.
Во ГОБ „8-ми Септември“ починал пациент од Лабуништа на 70-годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8-ми април и веднаш приклучен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.
Бидејќи во вчерашниот извештај на ИЈЗ е двојно евидентиран еден контролен тест на пациент од Кочани, денеска е направена исправка со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.231 , а последната рапиреност по градови е:
Скопје – 411
Куманово – 340
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –117
Тетово – 60
Струга – 55
Велес – 59
Битола –17
Охрид –15
Кавадарци – 4
Гостивар –13
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-4
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -2
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 1
Во изминатото деноноќие направени се 207 теста. Преку ИЈЗ –201, преку Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек –0, Филип Втори (Жан Митрев) –6 и Систина со PCR метода -0. Досега во земјата се направени вкупно 12340 тестирања на ковид -19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Од нив 18 се на кислородна поддршка, а 4 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8-ми Септември“ се хоспитализирани 45 пациенти. Со потешка клиничка слика се седум пациенти, а пет пациенти се на респираторна машина.
Во Битола се хоспитализирани вкупно 13, а на домашно лекување се следат 15 пациенти. Во болницата во Штип, на болничко лекување се 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.