Во близина на гробиштата во селото Драчево, скопско, вечера попладне, полициски службеници од Полициската станица Драчево забележале машко лице кое лежело на патот, информира МВР.
-Утврдено било дека станува збор за лицето Т.Б.(28) од Скопје, кое било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош- информира МВР во дневниот билтен.
Се работи на расчистување на случајот.