По лидерската средба кај претседатрелот Стево Пендаровски на која имаше неуспешен обид да се договорат детали како ќе тече изборниот процес по вонредната состојба и епидемијата на корона вирусот во Македонија, од ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат дека на средбата станало јасно дека Зоран Заев е осамен во желбата за брзи избори на сметка на здравјето на граѓаните.
Неговите позиции и лицитација со датуми не биле прифатени од ниту еден учесник на лидерската средба.
Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека Заев дошол исклучиво спремен да разговара само за датуми за изборите, а не и за заштита на здравјето на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ вчера излегоа со став дека за нив најважно е здравјето на граѓаните, а потоа слободни, фер и кредибилни избори. Лидерот на партијата, Христија Мицкоски предложи конкретен план во четири чекори со кој ќе се заштити здравјето на граѓаните и ќе се одржат избори. Прво треба да даде оценка здравствената комисија за состојбата во однос на здравствената ситуација и можноста за оддржување на избори. Потоа да се обезбедат набљудувачи, па потоа да се произнесе ДИК за тоа дали има услови за избори, за да на крај се обезбеди и определи миожен датум.