Во Индија рекордни речиси 8.000 случаи новозаразени во еден ден

Индија во саботата извести за рекорден дневен раст од 7.964 нови случаи на заразата со коронавирусот, потади што веројатно премиерот Нардендра Моди ќе ги продолжи неодамна ублажените мерки за ограничување на движењето и собирањата по 31-ви мај.

Во отвореното писмо во кое се осврнува на првата година од својот втор мандат, Моди ги повикува сонародниците да се придржуваат на карантинските прописи за да се сузбие ширењето на пандемијата, бидејќи им претстои „долга борба“.

„Нашата земја е преполна со проблеми поради големиот број жители и поради ограничените ресурси“, наведува Моди и додава дека домашните вработени и работниците мигранти „претрпеле големо патење“ поради карантинот.

Во Индија досега се регистрирани 173.763 случаи на заразата и 4.971 смртен исход и 82.369 оздравени, што ја сместува на деветтата позиција на најзагрозените земји во светот.

Иако стапката на смртност во Индија е релативнио ниска, здравствените стручњаци предупредуваат дека пикот на епидемијата сѐ уште не е достигнат, имајќи предвид дека бројот на новозаразените се зголемува во континуитет.

Претходно во саботата државната воздухопловна компанија „Air India“ објави дека е принудена да го откаже летот на авионот кон Москва, со кој дома треба да се вратат индински државјани, бидејќи еден член на екипажот бил позитивен на коронавирусот.

Властите особено се загрижени поради ширењето на заразата во индиските рурални средини. Имено таму се враќаат милиони работници кои доскоро беа вработени во урбаните средини и големите градоци, а коишто во меѓувреме ја загубија работата,.

Активистите за човекови права, пак, го критикуваа пристапот на премиерот Моди во справувањето со епидемијата, обвинувајќи го дека со воведуваето на строгите мерки за карантин, кој милиони сиромашни граѓани ги принудиле пешки или во преполни автобуси, возови и камиони да се враќаат дома во страв од заразата.

Повеќе од сто мигрантски работници загинаа во несреќи или од глад додека се обидувале да се вратат во своите родни краеви, соопштил неименуван финкционер на министерството за внатрешни работи.