(ВИДЕО) Министерот Димитров стискаше раце во Србија! Ќе оди ли во карантин?!

Никола Димитров е вториот министер од државава кој во екот на светската пандемија на коронавирус, ја напушти Македонија поради службено патување. Вчера беше во Ниш, на средба со српскиот колега Ивица Дачиќ.

Пред да оди, според владиниот протокол за патување во странство, потпишал изјава дека ќе ги почитува препораките, а меѓу нив и клучната – „Се забранува поздравување со раце“.

Но, Димитров иако ги знаел протоколот и препораките, сепак се поздравува со рака, јавува Алсат М.

Протоколот предвидува уште неколку препораки, освен стриктната забрана за ракување.

Но, видео-материјалите од српските медиуми покажуваат дека Никола Димитров не носи маска во салата каде што има средба со Дачиќ. Се чини и дека нема ни минимум растојание од 1,5 метар меѓу оние кои седат од неговата лева и десна страна. Снимките покажуваат дека во салата има минимум десет лица.

Прашавме во Владата дали министерот за надворешни доследно се придржувал до протоколот и ако направил пропуст, дали ќе има санкција или самоизолација?

„Министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедно со
делегацијата, вклучително и возачите и обезбедувањето, го почитуваа
владиниот протокол за патување во странство, како и мерките на
претпазливост во и вон земјата во однос на предметната активност“, рекоа од Владата.

Дополнително владата информира дека на цела делегација бил направен ПЦР тест и сите биле негативни. Поради тоа, никој не бил упатен во државен карантин или самоизолација. Инаку, инкубацијата за Ковид-19 трае неколку дена.