Јанушев: Децидно кажувам избори на 5 јули нема да има

Избори на 5 јули нема да има, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на ТВ 24. Според него, СДСМ и Зоран Заев бараат спас во брзи избори.

-СДСМ иако лицитира со датуми, сепак се уште не е време за организирање на избори. Одење на избори при ваква здравствена ситуација укажува на несериозност и негрижа. Ние како сериозна партија тоа не смееме да го дозволиме. 5 јули е датумот кој СДСМ го објавува во јавноста, но можам децидно да кажам дека тогаш избори нема да има – рече Јанушев.

Тој смета дека владината уредба која се однесува на изборниот процес е неуставна.