Дерковски контра Караџовски: Наместо протокол, од Комисијата добивме необрзувачки документ

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски го демантираше министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски во своето гостување во телевизија Алфа.

Тој истакна дека од комисијата наместо протокол добиле необрзувачки документ со препораки за изборниот процес.

Деркоски посочува дека се наоѓаме во период кога мора да се размислува како да се заштити здравјето на граѓаните и Караџовски и комисијата мора да обезбедат протокол зад кој ќе застанат со сето стручно познавање и интегритет.

-Ќе морам по кој знае кој пат да ја демантирам Комисијата за заразни болести. Ние го бараме она што тие го најавија на нивна прес-конференција. Излезе министерот за здравство и доктор Караџовски на која што прес конференција кажаа дека изготвиле протокол за избори. Тоа го виде целата македонска јавност. На мејл добивме документ кој што има назив препораки. Ние сите сме таму правници и ако ништо друго знаеме да разликуваме што значи препорака. Тоа значи необврзувачки документ, и знаеме што значи протокол. Протокол на македонски преведено значи правилник кој што утврдува одредени процедури кои што се задолжителни за тој што треба да ги спроведува. Значи тоа е разликата. Разликата е во лоцирање на одговорноста. Ако вие велите дека имате протокол треба истиот да го доставите, да се потпишете на тој протокол и да гарантирате дека тоа што сте го потпишале во тој протокол е тоа што треба да биде заради вашата стручна и професионална дејност. Понатаму тој протокол треба ДИК да го преточи во своите процедури внимавјќи на изборниот процес и потпирајќи се на она што го пишува во тој протокол. Значи сега ситуацијата е таква да навистина мораме да внимаваме на здравјето на граѓаните, вели Деркоски