Власта буквално ја искористи вонредната состојба за да си скрои уредби како што ним им одговара, потенцираше вечерва на „Топ тема“ директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, зборувајќи за скандалозното менување на правилата во пет до дванаесет, со што се скратени и рекламното време и парите за опозицијата.
„Од 1990 година до денес на ниедни избори владата не го определувала времето за рекламирање, туку тоа го правелрегулаторот. Ова е преседан“, потенцираше Трајковски.
Тој повтори дека нивниот став како Агенција е дека не постои земја каде платеното политичко рекламирање се плаќа од буџетот.